(ВИДЕО) Јакимовски: Заев цело време лаже и не кажува за што преговара со Бугарија

Лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5 постави директни прашања до премиерот Зоран Заев во врска со преговорите со Бугарија, но и нагласи дека тој лаже за што се преговара.

„Зашто Заев еднаш не каже за кој идентитет зборува. Цело време лаже. Зборува за идентитетот од 1944 година или од памти век? Зошто не каже за кој идентитет е гарантиран јазикот. Од 1944 година? Фала му. Ние имаме лична, семејна и колективна историја. Мојата лична историја е дека сум Македонец. Мојата фамилијарна историја е дека сум Македонец. Како сега јас наеднаш ќе станам Македонец од 1944 година!?“, праша Стевче Јакимовски.

Јакимовски потенцира дека Бугарите не ги спорат тврдењата на Заев дека за идентитетот и јазикот од 1944 година па наваму не се преговара.

„Нека каже до кога тоа прашање е расчистено. Нека го каже векот“, истакнува Јакимовски и нагласува дека Бугарите сами ги поставуваат границите, односно дека сме нација од 1944 година, или како што велат тие „Титова творба“.