ВИДЕО| Активистите кои ја залеаја сликата на Ван Гог со супа го нападнаа претставништвото на „Aston Martin“

Активистите кои бизарни и брутални акции се залагаа за заштита на природната средина од групата „Just Stop Oil“ со боја во неделата го намачкаа излогот на претставништвото на луксузните автомобили од марката „Aston Martin“ во центарот на Лондон, во продолжувањето на акциите против користењето јаглеводороди започната на почетокот од октомври.

Додека една група активисти во неделата претпладнето го блокираше сообраќајот во улицата Парк Лејн која се граничи со Хајд Парк, еден од нив со портокалова боја го испрска излогот на автосалонот на компанијата „Aston Martin“ кое се наоѓа во истата улица.

Групата „Just Stop Oil“ на почетокот од октомври започна серија секојдневни активистички акции и блокади на британската престолнина.

Во петокот две млади активистки со супа од домати од лименка ја полеаја ремек-делото „Сончогледи“ на славниот холандски сликар Винсент Ван Гог изложено во лондонската Национална галерија. Од владата на премиерката Лиз Трас бараат да го запре користењето на јаглеводородите. Станува збор за експлоатација којашто Трас реши да ја забрза.

Соочена со повторените протести на истата група, британската влада реши да ги зголеми овластувањата на полицијата.

„Со новиот закон ќе се зајакне сигурноста на сообраќајните мрежи, на нафтените терминали и печатниците“, за да се заштити „капиталната национална инфраструктура и пристапот до основните стоки и услуги“, изјави премиерката Трас.

Неколку приврзаници на групата „Just Stop Oil“ се осудени на затворски казни поради нивните постапки.