Возењето низ улиците во Њујорк може да биде вистински кошмар, но иновативни момчиња од Менхетен пронајдоа начин како да го избегнат сообраќајниот метеж.
Нивниот „изум“ подеднакво предизвика воодушевување и немир кај уморните Њујорчани, кои се навикнати да гледаат се и сешто.
Имено, момчето кое се претставува како Џеси на килим „лета“ по улиците на Њујорк.
Глетката е неверојатна, бидејќи неговиот килим се движи навистина брзо, а додека лебди по улиците ги претекнува велосипедистите.
Станува збор за скејтборд на електричен погон кој со голем пластичен ремен е прицврстен за него.
Погледнете го њујоршкиот Аладин…