ВИДЕО: Албанската водителка го запали Интернетот!

Албанската телевизија „Зјар“ (оган) најде необичен начин да го привлече вниманието на гледачите на информативната емисија.

Имено, водителките на оваа телевизија читаат вести полуголи, односно покриени со откопчано сако, кое повеќе открива отколку што покрива.

Меѓу прилозите кои ги најави една оскудно облечена водителка со бујни гради е и прилогот во кој се појавува српскиот премиер, Александар Вучиќ, кој зборува за односот меѓу Србија и Албанија.

Водителката се вика Енки Брацај, има 21 година, живее во Тирана и студира комуникации и односи со медиумите.

Таа вели дека е многу тешко да се влезе во светот на телевизијата, па собрала храброст и се одлучила да се разголи, а родителите ја поддржале во тоа.

voditelka1

Голем број девојки сакаа да го прават ова што јас го работам, но немаа храброст, вели таа.

Како што вели, одредени странски медиуми го пофалиле овој начин на презентација кој симболизира транспарентност и докажува дека нивните вести се „вистинити“.

Пораката на разголената облека е наш вид револт против другите албански медиуми, вели Брацај.

Прилогот со Вучиќ, кој го најавува оваа водителка стана хит на друштвените мрежи во Србија.