ВИДЕО| Албански медиум објави скандал за македонски функционери вмешани во шверц на наркотици

Високи македонски функционери и припадници од Министерството за внатрешни раборит во шверц со наркотоци, објавува албанската телевизија Ora News во прилогот под наслов „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев…“

Како што во понеделникот вечерта објави телевизијата, станува збор за скандал во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија.

Во прилогот се наведува дека по објавувањето на фотографиите на кои заменик-министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши, е виден во претседателскиот апартман на хотел во Истанбул кој чини 20.000 евра од ноќ, во редакцијата на телевизијата добиле дополнителни материјали.

Имено, како што објавуваат од редакцијата на Ora, лице, познато за редакцијата и кое очекува да добие заштита од правосудните власти, поседува неколку снимени разговори од функционери на високи позиции во Македонија. Според истиот извор, кој ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, првично кумуницирал со Трајче Заев, притоа информирајќи го за ситуацијта.

Од друга страна откако Трајче Заев, име што е идентично со братучедот на поранешниот македонски премиер и челник на СДСМ, Зоран Заев, ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува Ora News.

Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во прилогот на телевизијата, наводно постојат прислушкувани разговори, кои докажувале дека високи функционери дирекно интервенирале за да ја спречат операцијата преземена од странските агенции.

Во април 2021 година името на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, беше споменувано во врска со акцијата на македонската полиција кога беше запленета дрога процената на вредност од 800.000 евра.

Според тогашните сознанија и информации од македонското МВР, во текот на акцијата за спречување шверц на дрога предводена од американската ДЕА, уапсен бил наводно личниот шофер на Трајче Заев, Александар Ушилковски, заедно со командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски – Чипсио, кои го предводеле транспортот во белото комбе со грчки регистарски таблички.

Во комбето имало марихуана, која тргнала од фирмата „Медика 420“ од Битола, која опозицијата ја поврзува директно со семејството Заеви. Натаму немаше информации за правна разрешница на овој случај.

 

https://www.youtube.com/watch?v=H0K7Xnh0Nuc&t=1s