Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, како што е познато беше припадник на марксистичко-ленинистичка иридента во некогашна Југославија. Оттаму и не зачудува неговата одушевеност од поранешниот албански комунистички диктаторт Енвер Хоџа, што се гледа и од снимката која е поставена на фејсбук профилот на сајтот Almakos.com.
Во кусата објавва која го проследува видеото, може да се забележи Ахмети, како со страст ја слуша и потпевнува песната посветена во Енвер Хоџа.
„Цели пет века мајка чекаше/ На Скендербег брат му израсна/ Енвер Хоџа е неговото име”, гласи рефренот кој го потпевнува Ахмети.