ВИДЕО| „Алкалоид“ прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан

„Алкалоид“ беше прогласен за водечки инвеститор во регионот на Западен Балкан од страна на Western Balkans 6 Chamber Investment Forum. Во изминативе 5 години, компанијата инвестираше 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги своите деловни операции.
Компанијата АД „Алкалоид“ АД Скопје на церемонијата организирана на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), за оддавање признанија за најдобрите и најуспешни компании во регионот, беше прогласена за водечки инвеститор.
За значењето на регионалната соработка, повеќе во изјавата на Генералниот директор-претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов.