ВИДЕО| Амбасадорот на Катар напаѓа тренери и родители во Академијата Парк

Лице кое се претставило како вршител на должноста амбасадор на Катар во Македонија, Јасим Бин Хамад Ал-Тани, според тоа што може да се види на снимка објавена на социјалните мрежи, предизвикал сериозен инцидент откако се обидел физички да се пресмета со тренерите во фудбалската „Академија Парк“ каде што тренирал неговиот син, во генерацијата 2014 година, пренесува порталот Спорт1.мк

Тој на крајот од тренингот, заедно со членовите на своето обезбедување, влегува на теренот и почнува да ги напаѓа тренерите. На неговата агресивност реагирале останатите присутни родители, со кои Хамад Ал-Тани потоа почнал да се пресметува.