ВИДЕО| Амбициозна полицајка се смести во скутот на началникот

Во текот на предбожикна забава во полициска станица во Њујорк, полицајката Вера Мекули, којашто на должноста стапила во февруари минатата година, на дел од колегите им понуди „жежок“ танц, еден од нив беше нејзиниот директно прерпоставен Ник Мекгари а еротскиот настап на младата жена снимен од присутните станва вирален на социјалните мрежи.

Поради исклучително слободоумното однесување, 26-годишната полицајка родум од њујоршки Бронкс стана цел на бран критики на корисниците на социјалните мрежи, но таа забелешките ги остави без одговор.

Мекули не била достапна за коментар и за локалните медиуми, но тие, сепак, дознаваа дека му признала на нејзиниот татко дека се срами од своето однесување на божикната забава.

Весникот The New York Post побарал мислење од нејзниот тако, кој рекол дека неговата ќерка признала дека „направила грешка и дека многу се срами поради инцидентот“.

„Ми кажа дека нѐ навредила мене и целото семејство, и не престануваше да плаче. Таа е млада…“, ја правдал таткото во изјавата.

Според некои нејзини колеги, Мекули не требало да биде санкционриана поради своето однесување, бидејќи е почетник и оти „се трудела да добие поени“ пред претпоставените.