(ВИДЕО) Американец украл возило со вакцини за Covid-19

Полицијата во градот Плент Сити, во сојузната американска држава Флорида, трага по маж во 20-те години ој украл возило во коешто имало вакцини против коронавирусот.

Лицето по кое се трага било вклучено во кражба на визило „со четири врати сива боја хундаи аксесент од 2018-та со ознаки на Флорида“. Возилото е украдено на 3-ти февруари околу 13 часот по локално време, и во него имало шишенца со вакцината против Covid-19, се наведува во објавата на локалната полиција со која се бара соработка од граѓаните.

Во објавеното видео се гледа слаб млад бел маж во раните 20-ти години, со долга коса и качулка, снимен во времето кога се случила кражбата. Автомобилот бил украден од место на кое се спроведувала имунизација на локалното население, потврдија властите на Плент Сити за телевизискиот канал WFLA

Властите засега не соопштуваат колкаво количество од ампулите со вакцината имало во возилот. Немаат, исто така, информација и дали токму вакцините биле цел на кражбата. По возилото била распишана веднаш сојузна потерница, но и по еден ден полицијата нема никакви информации и сознанија.

Според изворите на телевизијата ABC News, во автомобилот имало „30-ина шишенца со вакцината во износ од 10.000 долари, секоја со по пет или шест дози, односно вкупно со 150 до 180 дози“, шти укажува дека станува збор за препаратот на „Pfizer/BioNTech“. Имено секое шишенце (ампула) од втората вакцина одобрена за употреба во САД, онаа на „Moderna“ содржи 10 дози, а на „Pfizer/BioNTech“ соржи 6 дози, како што одреди американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC).

Во САД започна масовната вакцинација на населението против коронавируот, но процесот се судрува со проблеми во инфраструктура за чување и транспорт на вакцините за кои е потребна температура од мину 70 степени Целзиусови. Американскиот претседател Џо Бајдени вети дека има намера даобезбеди 100 милиони дози во своите први 100 дена на власт, односно кон крајот на април.