По 32 години зад решетки, една Американка ја докажа својата невиност и ја напушти ќелијата.
Вирџинија Мери Џоунс (74) во затвор била 32 години за дело кое не го извршила. Таа во 1981 година е осудена поради учество во убиство, киднапирање и грабеж. Таа беше ослободена вчера благодарение на упорноста на неколку студенти.
Таа е позната како „Мајка Мери“ бидејќи е добра и побожна старица. Осудена за соучесник на нејзиниот тогашен партнер Моузи Вилис.
Според информациите од студентите по право на Универзитетот во американската држава Јужна каролина кои го следеле случајот на суд, Вилис и вперил пиштол на Вирџинија и ја принудил да го одвезе кај нарко дилерот кој тој го убил.
Вилис бил осуден на смртна казна, но починал додека ја чекал егзекуцијата .
Вриџинија била учителка без криминално досие, а го запознала Вилис во 1981 година. Тој бил бездомник кој и ветил дека ќе го промени животот и ќе почеток.
Вилис цела недела пред убиството и се заканувал на неа и на нејзината ќерка дека ќе ги убие ако повикаат полиција.
„Не присуствував на убиството по своја волја“, рекла таа на суд. По три децении повторно бил отворен случајот, а таа е ослободена.