Американскиот стратешки бомбардер од типот „Boeing B-52H Stratofortress“ симулирал бомбардирање на руската Балтичка флота чиешто седиште е во руската енклава Калининград, покажуваат податоците од интеренет ресурсот за следење на летовите PlaneRadar.
Авионот со ознаката „61-0025“ и повикувачка ознака BRIG01 полетал од воздухопловната база Ферфорд во Велика Британија. Во 14.40 часот по македонско врме во средата бомбардерот бил забележан во близина на границата на Калинградската област. Летот бил изведен на височина од повеќе од шест километри, а бризината изнесувала речиси 663 километри на час.
Претходно командата на американските сили во Европа објави дека двојка од стратешките бомбардери „B-52H Stratofortress“ извршила тренажен лет над Црното Море и симулирала бомбардирање на полуостровот Крим кое е седиште на руската Црноморска флота. Според податоците на PlaneRadar, овој лет се случил на 19-ти октомври. Како што тогаш соопшти руското министерство за одбрана, ловец од типот „Су-27“ пресретнал американски авион и го придружувал во текот на летот по должината на границата во територијалните води.
Руската Државна Дума (парламентот) го повика Вашингтон да го објасни појавувањето на американските стратешки бомбардери на руските граници. Според пратеникот од Крим, Михаил Шеремет, САД продолжуваат со „политиката на провокации“ на сите страни на светот. Пратеникот американските активности ги оцени за неприфатливи, и порача дека во случај да има каква и да е закана за територијалниот интегритет на Русија „агресорот ќе биде уништен“.
15:40 мск.
Стратегический бомбардировщик #Boeing B-52H Stratofortress ВВС США🇺🇸( 2BW | 20BS), бортовой номер 61-0025, позывной #BRIG01, взлетевший с авиабазы Файрфорд🇬🇧 RAF #Fairford (#ICAO: #EGVA) выполняет отработку бомбардировки базы балтийского флота.#USAF #B52 pic.twitter.com/3lJUP6NZkI— PlaneRadar (@ua4wiy_) October 23, 2019
Реальное фото этого борта над Чёрным морем. pic.twitter.com/zbxvNvNGav
— PlaneRadar (@ua4wiy_) December 17, 2018