(ВИДЕО) Американски војници во Сирија повредени во судар со руско воено возило

Американски војници во Сирија биле повредени претходно седмицава кога на нивното возило налетало на возило на руската воена патрола, објавија американските функционери во средата, а САД го осуди инцидентот како повреда на безбедносните протоколи со Русија.

Двајца функционери, кои сакале да останат анонимни, рекле за Reuters дека неколку американски војници имале симптоми на потрес на мозокот по инцидентот.

Иако интеракциите на америакнските и руските сили во Сирија не се ретки, инцидентот претстравувал ризик за војниците на двете земји кои дејстввоваат во непосредна близина на северот од земјата и потенцијална остра ескалација на тензиите, според американските извори.

Портаролот на Советот за безбедност при Белата куќа, Џон Јулиот, рекол дека инцидентот се случил во близина на Дарик во североисточна Сирија.

„За да се смири ситуацијата, коалициската патрола ја напуштила областа. Коалицијата и САД не бараат ексалација со ниедна национална воена сила, но американските сили секогаш ќе го задржат инхерентното право и обврска на одбрана од непријателски активности“, додал Јулиот.

На видата објавени откако американската страна објави за инцидентот, се гледа како руските воени возила кои редовно при патролирање се придружувани од борбени хеликоптери по неколкуте напади, возат близу американските оклопни возила.

Руското министерство за одбрана, во четвртокот го обвини американските сили во Сирија за повторен обид за попречување на руските патроли.

Началникот на штабот на руските војски, генерал-мајорот Валериј Герасимов, во телефонски разговор со американскиот колега дека рускиот штаб во Сирија претходно ја известила меѓународната коалиција предводена од САД во оваа земја на правецот на движењето на руската патрола, се наведува во соопштението на минисерството.

Во овој сектор во северна Сирија заеднички патролирања по одеден маршрути вршта руските и турските единици.

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=101&v=gDyfp3FGpaA&feature=emb_title