ВИДЕО| Англиската полиција истражува инцидент со Роналдо

Англиската полиција соопшти во четвртокот дека ги прегледува снимките на CCTV за да утврди дали фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Португалецот Кристијано Роналдо направил прекршок така што на навивач му го турнал мибилниот телефон од рацете по поразот на неговиот тим од Евертон од 0:1.

На социјалните мрежи се појави снимка на којашто изгледа како Роналдо мавта со раката кон земјата кога излегува од теренот и тргнува кон тунелот на стадионот „Гудисон Парк“ по саботниот натпревар во Ливепрул.

Според изјави на очевидец, 37-годишниот португалски фудбалер му го избил телефонот од рацете на навивач и го скршил од земјата, а Роналдо подоцна и самиот се извини за инцидентот во објава на Instagram.

Портпаролот на полицијата на Мерсисајд изјави дека полицијата била во врска со двата клуба по извештајот за наводниот напад.

„Додека играчите го напуштале игралиштетот во 14.30 часот, пријаведно е дека момченце е нападнато од играч на гостинската екипа додека го напуштале теренот. Истрагата е во тек и полицајцитге работата со фудбалскиот клуб Евертон за да ги прегледаат снимките на CCTV и спроведуваат опсежни истраги со сведоци за да утврдат дали прекршокот се случил“, изјавил портпаролот.

По овој пораз Манчестер Јунајтед падна на седмото место на табелата на Премиер лигата, и се соочува со можноста да ги испушти квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи заостанува шест бодови зад четвртопласираниот Тотенхем.