(ВИДЕО) Анкета на Инфомакс во Штип:

Eкипата на Инфомакс утринава во текот на нејзиниот престој во Штип направи анкета со граѓаните за тоа колку се задоволни од локалната и од централната власт во Македонија, како се снаоѓаат во време на пандемија и дали и колку добиваат помош од државата.

„Она што нѐ затекна беше празниот плоштад во центарот на градот по кој на далеку е познат Штип. Голем дел од продавнците и локалите се затворени, дуќаните се издаваат, меѓутоа зад камерите сопствениците ни посочуваат дека имаат невозможна мисија бидејќи никој не сака да ризикува во време на криза“, пушува во прилогот Инфомакс.

Сопствениците на локалите кои ги затекнале празни велат дека работат за колку да не седат дома, како и дека профитот и заработката изостанале веќе цела година.

За забелжува, исто така, дела во Штип во последниот период отсуствува и џагорот на студентите. Лошата атмосфера е надополнета и од песимизмот на граѓаните кои пред камерите на Инфомакс не можат да го сокријат своето незадоволство од состојбата во државата.

Мнозинството граѓани се незадоволни од работата на локалната самоуправа и екс градоначалникот актуелен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски. Граѓаните не заборавија да го потсетат и на неостварените ветувања.

Незадоволство има и од она што го работи централната власт, која според граѓаните лошо се справува со пандемијата.

Тие велат дека работа нема, платите се намалени, многумина се останати без работа, бараат повисоки пензии и поголема помош од државата.

Погледнете ја во целата анкетата која денес ја снимивме во Штип.