ВИДЕО| Апасиев и Костовски на работ на тепачка во Собранието

Тензично и на вториот ден од расправата по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година.

За малку се избегна посериозен инцидент, откако Талат Џафери му упати закана на пратеникот од Левица, Димитар Апасиев дека „ќе му биде скршен прстот само уште една ако го покаже кон него“, а пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, тргна дури и физички да се пресмета со колегата од Левица.

Откако се случи турканица меѓу двајцата пратеници, останатите пратеници почнаа да ја смируваат ситуацијата.