Силна бура пропратена со грмотевици и дожд денес го зафатила источното и јужното предградие на Сиднеј. Пред да се засолнат, Австралијанците и туристите успеале да направат фотографии од апокалиптичните глетки кои ретко каде можат да се видат.
Граѓаните на Сиднеј велат дека не паметат ваква бура, некои дури велат дека за миг помислиле дека станува збор за инвазија од вонземјани.
Облаците дошле од југ и сосема го прекриле небото над дотогаш ведрите плажи. Посетителите, кои дотогаш се капеле и сончале, биле сосема изненадени од наглата промена на времето.