Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе и неговата влада го одобрија предлогот со кој на компаниите им се овозможува на вработените да работат до 70 години.
Овие мерки се преземени заради намалување на недостатокот на работна сила и покривање на трошоците од социјалните давачки во популацијата која брзо старее.
Новото законодавство повикува корпорациите да изберат една опција, вклучувајќи укинување на старост за пензија, зголемување на прагот за пензионирање или овозможување на вработените да работат над пропишаната старосна граница.
Се очекува владата да го претстави предлог законот пред јапонскиот парламент, а се очекува тој да биде спроведен до април следната година.
Јапонија се соочува со се поголем демографски терет откако со децении се забрзува старењето на населението и паѓа стапката на новороденчиња.
Критичарите ја обвинуваат владата на Абе дека прави премалку да го запре таквиот тренд.
До 2060 година се очекува скоро 40 проценти од вкупното население на Јапонија да го сочинуваат луѓе постари од 65 години.