ВИДЕО: Армиски хеликоптери во очајничка борба да се спаси Обреновац

Српската војска неуморно учествува во очајничката борба да се стигне до загрозените жители на Обреновац. Во борбта се вклучени и хеликоптери, а целата акција ја води началникот на Генералштабот, Љубиша Диковиќ.

Изминатата ноќ припадниците на српската војска непрестано им пружаат помош на граѓаните на подрачјата кои се најоштетени од полавите.

Војската е ангажирана во повеќе општини, а од изутринава шест хеликоптери евакуирале 153 лица од Обреновац. Евакуацијата по воздушен пат продолжува. Голем број чамци, моторни возила, авто-цистерни со вода за пиење и инженерски машни непрестано се на терен, а војската обезбедила кревети, кебиња и дополнителна опрема за најзагрозените.

1

Повеќе од 6 илјади припадници на српското министерство за внатрешни работи и на војската цела ноќ макотрпно работеле на терен во Шабац, а резултатот на работата е апсолутната заштита на градот.

Евакуацијата и пружањето помош продолжува во повеќе општини низ земјата.