Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасечен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му подачуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.
Летот од лондонскиот аеродром Станстед кон Лисабон беше пренасочен поради технички проблем на 20-ти декември. Осум дена претходно, поради технички проблем, таму беше пренасочен и авионот што полета од Манчестер кон канарскиот остров Тенерифе. Daily Mail не извести што точно бил проблемот, но и во двата случаи авионите нормално слетале во Фаро. Пред тоа, авионот на летот од Лондон Станстед до Мароко слетал во Фаро, бидејќи му се слошило на пилотот. Авионот, исто така, нормално слетал на аеродромот, а патниците биле префрлени на нов лет за Мароко.
Декември и јануари се месеци кога многу туристи од Британија патуваат на сончевите дестинации како Канарските острови и Мароко за време на зимскиот одмор.