Еден човек починал откако бил прегазен од авион на руски аеродром, а на интернет протече ужасна снимка од инцидентот. Непознато е како човекот успеал да помине покрај многуте обезбедувачи и незабележано да влезе на пистата.
Несреќата се случила на меѓународниот московски аеродром Шереметјево во вторникот вечерта. Авионот, упатен кон Атина, полетувал кога го прегазил и убил 25-годишниот маж. Авионот не запрел и продолжил со редовниот лет.
На Твитер се појави ужасна снимка од последиците, на која се гледаат делови од облека, врвки од чевли и крв на пистата. Снимката ја објави рускиот Истражен комитет, кој почнал истрага за чудните околности околу трагичната смрт на човекот.
Извори од аеродромот велат дека екипажот на авионот упатен кон Атина јавил дека удрил во нешто на пистата „за време на забрзувањето“, но одлучиле да не го вратат воздухопловот на аеродромот, бидејќи системите не сигнализирале оштетеност.
Сепак, воздухопловните обезбедувачи биле испратени да ја испитаат пистата и дошле до ужасно откритие. Сега трагичната смрт е обвиена со мистерија, а службениците прашуваат како жртвата успеала да ги избегне обезбедувачите и да влезе на пистата. Човекот не бил член на аеродромскиот персонал, ниту патник што требало да се качи на авионот кон Атина.
Выясняются обстоятельства происшествия в аэропорту Шереметьево.
По предварительным данным, сегодня около 20.10 при взлете самолета Боинг 737 «Шереметьево-Афины» одной из стоек шасси смертельно травмирован 25-летний мужчина.На месте работают следователи и криминалисты СКР pic.twitter.com/qsH006sKPN
— Следственный комитет (@sledcom_rf) November 20, 2018