
Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна на автопат меѓу Мексико сити и Керетаро.
Во несреќата загинале пилотот, помошникот и тројца патници.
Првичната верзија за инцидентот е дека пилотот се обидел да слета принудно на автопатот, но изгубил контрола.
На местото на несреќата работат спасувачки екипи и пожарникари. Движењето е суспендирано и во двете насоки.