
Југоисточниот дел на Австралија е погоден од ладен бран, со температури на планините кои што се движеле околу минус 3 Целзиусови степени, а едно лице почина откако врз него падна гранка од дрво.
Уште во саботата меторолошките служби излегоа со предупредување за силни и ладни ветрови, снег и мраз.
Како што пишува порталот ABC, снегот, ниските температури и отежнатите услови на патот, придонесоа за затварање на патиштата ширум државата Викторија, а ладниот бран кој што градовите ги зави во бела прекривка трае веќе неколку дена.
Како што е наведено некои градови после неколку децении се под бела прекривка.