Рибари на крајбрежјето на Јужна Австралија пронашле гигнатски примерок на ткн сончева риба, чијашто должина изнесувала околу два и пол метри, а тежела неколку стотици килограми, пишува во вторникот весникот The Daily Mail.
Двајцата рибари ја нашле рибата на 25 километри источно од устието на реката Мареј, популарно место за риболов и рекреација во овој дел на Австралија.
„Кога ја видовме оддалеку, прво помисливме дека станува збор за дрво“, вели еден од мажите.
Едниот од нив направената фотографија со необичното суштество ја поставил на својот профил на социјалните мрежи, а многу од корисниците сметале дека таа е лажна.
„Тие често јадат пластични кеси, мислејќи дека се медузи, што може да доведе до нивна смрт“, вели Ралф Фостер од Јужно-австралискиот природонаучен музеј.
Како што пишува весникот, поедини примероци од сончевата риба може да пораснат до три мета во должина, повеќе од четири во височина и да тежат до два и пол тони. Претставниците на овој вид главно се среќаваат во тропските води а луѓето честопати ги мешаат со ајкулите поради случните грбни перки.
Сончевата риба се смета за деликатес во некои региони на Азија, вклучително и Јапонија, Кореја и Тајван.