
Најмалку 19 лица се повредени откако автобус во источниот дел на Лондон удрил во продавница. Меѓу повредените е и возачот кого пожарникарите морале да го ослободат од седиштето со специјална опрема за да го извлечат.
Во болница се пренесени три деца и двајца возрасни, додека на останатите 14 повредени не им било потребно болничко лекување.
Очевидец изјавил дека несреќата се случила бидејќи на автобусот му откажале сопирачките.
-Автобусот премина преки ивичникот и влезе во продавницата на другата страна од улицата. Повикав полиција и додека разговарав со нив и пиомагав на луѓето да излезат од автобусот. Некои беа повредени, а возачот рече дека е заробен во кабината, изјавил очевидецот.