ВИДЕО| Автомобил влета меѓу пешаци на плоштадот „Скендербег“ во Тирана

Сериозен инцидент се случил во неделата околу пладне на плошдатот „Скендербег“ во Тирана, кога млад маж со изнајмен автомобил ги пробил заштитните бариерите, и влетал на плоштадот, при што ги загрозило животите на десетици лица присутни на местото.

Едно лице кое било присутно на настанот, интервенирало и го неутрализирало возачот на автомобилот. Нема повредени граѓани, а возачот на автомобилот кој ги тероризирал жителите на албанската престолнина и оштетил три возила е уапсен.

Според тиранските електронски медиуми, станува збор за 32-годишник кој на изборниот ден во Албанија на полицајците им признал дека консумирал наркотик. Според полицијата, тој бил претходно регистриран како уживател на наркотици и за предизвикување инцидент.