Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден лапсуз во текот на својот говор за новите прописи со кои ќе се регулира приватното производство и поседување оружје, пренесува американската телевизиска мрежа CBS News.
Велејќи дека треба да се контролира таканареченото „сенишно оружје“, односно оружје кое нема сериски броеви, наместо „кривично гонење“(prosecution) рече „проституција“(prostitution), пренесува телевизијата.
„Замислете ако тутунските компании не беа подложни на проституција“, рече американскиот челник, очигледно мислејќи на можноста за кривично гонење на компаниите од овој сектор.
Минатата седмица Бајден, исто така, двапати направи лапсузи во текот на говорот на свеченост во Белата куќа. На почетокот од април на сопругата на поранешниот американски претседател Барак Обама, Мишел, ѝ ја припиша должноста потпретседател во периодот кога самиот тој беше на оваа позиција.
Медиумите, освен тоа, наведуваат дека често умее својата потпретседателка Камала Харис да ја нарече претседател, ги мешал термините „вакцинација“ и „ескалација“, Сирија со Либија или Ирак со Иран.
Поради ваквите лапсузи на Бајден, неодамна воениот лекар а сега конгресмен Рони Џексон, кој своевремено беше шеф на медицинскиот тим на Белата куќа во мандатите на двајца претседатели – Барак Обама и Доналд Трамп, оцени дека здравствената состојба на актуелниот американски челник предизвикува сериозна загриженост.
Џексон е убеден дека има проблеми со когнитивните способности на 80-годишниот Бајден, и предупредува дека тоа може да претставува сериозна закана за националната безнедност на САД. Конгресменот инсистира дека претседателот мора да мине тест за менталната бистрина, за да му докаже на целиот свет дека навистина може не само да носи одлуки, туку и да биде свесен за нивните последици. Особено во ваквите сложени времиња, како што е руско-украинската војна.