
Американскиот претседател Џо Бајден го помеша својот француски колега по должност Емануел Макрон со поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, кој почина пред речиси 30 години.
Бајден, 81-годишниот демократски претседател и кој се надева на реизбор на изорите во ноември, во неделата одржа говор во Лас Вегас и ја опиша реакцијата на неговиот француски колега за време на состанокот на Г7 во 2020 година.
Покрај погрешното именување на францускиот челник, Бајден му припиша и погрешна земја пред да се поправи.
„Реков: Америка се враќа“, вели Бајден во видеото. „Митеран од Германија, мислам од Франција, ме погледна и ми рече: знаеш, како, зошто, на колку време се враќате?“, раскажа демократскиот претседател.
Белата куќа потоа објави транскрипт од неговиот говор, појаснувајќи дека претседателот всушност зборувал за Макрон. Но илјадници корисници на социјалните мрежи го споделија видеото на Бајден како се бори да најде зборови.
Митеран ја водеше Франција од 1981 до 1995 година, а почина во 1996 година. Макрон е претседател од 2017 година.
Годините иконгитивните способности на американскиот претседател се честа цел на критики од оние кои сметаат дека тој не може да ја изврши оваа должност.
Бајден често прави слични гафови, од падови на скалила и на бини, како и повикување на починати луѓе. Во септември 2022 година тој на конфереција во аудиториумот ја бараше неодана починатата пратеничка.
„Џеки, дали си тука? Каде е Џеки. Мислев дека е таму“, рече Бајден, мислејќи на претставничката на Индијана, Џеки Валорски, која почина еден месец претходно.
Ви јули минатата 2022 година, на пример, Бајден, кој тогаш штотуку допатува во посета на Израел, веднаш по излегувањето од претседателскиот авион „Air Force One“ се запраша самиот „Што правам сега?“, за потоа да направи нов, посериозен гаф зборувајќи за холокаустот, заменувајќи ги зборовите „чест“ (honour) и „ужас“ (horror).
Коментарите на социјалните мрежи, како и претходно, се сведуваа на тоа дека „нашиот претседател е сенилен“, а многумина се чудат како може да згреши кога „има подготвен говор со напишани голем букви“.
„Во Израел сум за да оддадам почест за шесте милиони еврејски животи, украдени во геноцидот, и да го продолжам, она што мораме да го правиме секој, секој ден, да продолжиме да сведочиме и да ја одржуваме жива вистината и честа (honour) на холокаустот … ужасот (horror).
Бајден ја исправи грешката, но тешко го прочита говорот и се мачеше со изговарањето на називот Меморијален центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим.
Поранешниот лекар на Белата куќа, Рони Џексон, сега член на Конгресот, уште пред неколку години предупреди на влошување на когнитивните способности на Бајден.
Поради ваквите испади, уште кон средината на минатата година Џексон го повика Бајден неизоставно веднаш да направи тест за когнитивно нарушување, велејќи дека „менталниот пад“ и заборавност на американскиот челник станале позабележителни. Тој тогаш објави отворено писмо кое го потпишаа и уште 13 републикански конгресмени. Тие инсистираат демократот Бајден да го следи примерот на својот републикански претходник на претседателската должност Доналд Трамп, кој се подложи на слично тестирање.
Неговиот четири години помлад републикански ривал, поранешниот претседател Доналд Трамп, исто така имаш момент на збунетост. Во јануари тој ја замени својата противкандидатка на републиканските прелиминарни избори, Ники Хејли, со поранешната демократска претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.