ВИДЕО| Бајден го пречека Мицкоски, премиерот порача: За државните интереси и подобар живот на нашите граѓани

Македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, престојува во Вашингтон на Самитот по повод 75 годишнината од формирањето на НАТО.

За време на престојот во американската престолнина, Мицкоски остварува голем број средби со највисоките претставници на земјите членки на Алијансата.

Меѓу најзначајните такви средби, се разговорите што Мицкоски ги имаше со претседателот на САД, Џо Бајден и со генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„На официјалниот почеток на НАТО самитот во Вашингтон. За државните интереси, за јакнење на демократијата и подобар живот на нашите граѓани“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Мицкоски беше првиот од присутните официјални претставници на државите кој се поздрави со домаќините Столтенберг при пристигнувањето на местото на тридневниот самит, што треба да заврши утре.