ВИДЕО| Бајден лиже сладолед и одговара на новинарски прашања

На YouTube се појави видео со американскиот претседател Џо Бајден, кој при посета на кафуле во градот Портланд одговара на прашања на новинарите додека јаде сладолед.

Говорејќи пред новинарите, Бајден, особено, рече дека американската економија е „проклето силна“. Истовремено, тој одби да го признае влијанието на доларот врз проблемите во светската економија, нарекувајќи ги како причина за „недостигот на економски раст и разумни политики во другите земји“.

Однесувањето на претседателот предизвика негативни коментари под видеото. Дел од нив се: „Тој е како дете“, „Tешко е да се поверува дека не е загрижен за Америка!“, „Џо не се грижи за ништо друго освен за себе и за својот сладолед“, „Секогаш кога излегува, зема корнет за сладолед, што е патетично“, „Лажеше за смртта на сопствениот син. Што очекувате од него?“, „Мислам дека тој навистина не знае што се случува“.

Неодамна, американската инфлација достигна четириесетгодишни рекорди, а БДП опаѓа два последователни квартали – што технички укажува на рецесија. И иако Бајден и неговата администрација одбиваат да го признаат овој факт и велат дека економијата е на добар пат, многу политичари сметаат дека американскиот финансиски сектор е во опасност од колапс.