ВИДЕО| Бајден со нови гафови се „заграва“ за самитот на Г20

Американскиот претседател Џо Бајден, кому уште пред изборите политичките противници му ги оспоруваат конгнитивната способноста да управува со најмоќната земја во светот, откако влезе во Белтата куќа со повеќе гафови сѐ почесто оди во прилога на таквите забелешки.

По падовите на басамаците од претседателскиот авион, ракувањето „во празно“, зборувањето со своите починати родители…, Бајден по пристигнувањето на индонезискиот остров Бали денеска не успеа разговетно да го прочита ниту подготвениот говор немоќно барајќи помош од аудиториумот да соопшти. Во официјалните снимки подоцна овој инсерт беше

Претходно, веднаш откако медиумите во САД објавија дека на Бали Бајден на кинескиот колега Кси Џинпинг ќе му го пренесе „последното предупредување“, некои коментатори изразија стравувања дека, имајќи ги предвид претходните гафови, американскиот челник може да предизвика непријатни моменти на меѓународната сцена, како што беше забелешката за опасностите кои произлегуваат од „поредокот заснован на правила“.

Според нив, на последната турнеја Бајден прво ја промаши клучната теза од својот говор на климатскиот форум во Египет, потоа во камбоџанската престолнина Пном Пен му се заблагодари на „премиерот на Колумбија“ за организацијата на форумот на земјите од југоисточна Азија (ASEAN), а потоа без објаснувања задоцни повеќе од половина час на тамошниот самит на Источна Азија (ЕАS), и оценија дека тоа претставува „добро загревање“ пред самитот на Г20 и подоцна на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Бангкок кон крајот на седмицата.