Американскиот претседател Џо Бајден повторно се сопна додека се качуваше во својот авион „Air Force One“ на аеродромот при заминувањето од дводневната посета на полската престолнина Варшава, потврдија во средата од Белата куќа откако снимките од инцидентот станаа вирални на социјалните мрежи и се појавија во некои американски медиуми.
„На половина од средишната платформа, тој се сопна и падна нанапред. Брзо се подигна и (…) продолжи да се движи кој вратата“ на авионите се наведува во описот на инцидентот.
Пред да влезе во авионот, американскиот челник им отпоздравил на домаќините и придружниците, но овојпат не застанал за разговор со новинарите, пренесуваат медиумите.
Пристигнувањето на Бајден во полската престолнина беше запаметен по уште еден тежок инцидент, кој за среќа заврши без потешки последици. Имено, при симнувањето од претседателскиот авион, член од придружбата на Бајден, според медиумите станува збор за жена веројатно висок функционер на Белата куќа, се сопна и се струполи по целата должина на скалите.
Потоа се случи уште еден гаф, кога американскиот претседател Џо Бајден и полскиот претседател Анджеј Дуда чекореа по црвениот тепих пред почесната гарда. При вообичаеното свртува, очигледно е дека американскиот челник ја губи ориентацијата и правецот на движење, по што му асистираат од протоколот да се врати на вистинската насока.
Ова не е првпат претседателот Бајден да има потешкотии при качувањето во авионот во Калифорнија, а последниот како што забележуваат медиумите бил минатото лето. Ланскиот март, тој трипати се сопна додека се качуваше, кога Белата куќа го објасни со силниот ветер.
Во ноември Бајден напони 80 години и стана најстариот американски претседател на должност во историјата. Неговите чести гафови, дезориентираност во просторот, говорните лапсуси и замени на должности и географски локации често предизвикуваат реакции кај неговите опоненти кои ја доведуваат во прашање неговата когнитивна состојба. Особени по најавите дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година.
Лекарите на минатата седмица го прогласија Бајден „здрав, силен 80-годишен маж“ и „способен за извршување на должност“ по прегледот со кој му се отстранети лезиите на градниот кош, а утврдено е и дека нема последици од долготрајниот Covid-19 откако минатата година беше позитивен на коронавирусот.
LMAO. Stairs are Bidens worst nightmare. https://t.co/UONaJzJpzo
— 3sidedstory (@3sidedstory) February 22, 2023
Biden landed in Poland at Warsaw Chopin Airport on Monday night and then… someone fell out of Air Force One pic.twitter.com/MIiXFFrE7N
— Woj (@Woj_Pawelczyk) February 21, 2023