(ВИДЕО) Барди постигна гол за Леванте – најдобар стрелец странец во историјата на клубот

На најдобар можен начин македонскиот репрезентативец Енис Барди го круниса својот јубилеен 100-ти настап во дресот на Леванте во шпанската Ла Лига.

Во 37. коло од Ла Лига, Леванте дојде до предност од 0-1 уште во 11. минута благодарение на голот на Барди кој одлично стрелаше од околу 12 метри…

За Барди ова е шестти гол сезонава за Леванте и вкупно 18-ти погодок за тимот од Валенсија во најсилната шпанска лига. Со овој гол македонскиот репрезентативец се издвои како најдобар стрелец странец во историјата на клубот и на третото место воопшто во историјата на најдобрите стрелци во клубот.