ЕУ е подготвена да и понуди на Велика Британија „исклучително амбициозен“ трговски договор со нула тарифи и нула квоти за сите стоки. Тоа го изјави денеска главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние, додека го презентираше мандатот за преговори по брегзит.
– Се надеваме дека со договорот ќе се покрие и дигиталната трговија и интелектуалната сопственост, додаде Барние.
Според него, ќе бидат потребни повеќе од 10 месеци за Брисел и Лондон да преговараат за договор за идните трговски односи.
Барние откри дека двете страни планираат да одржат 9 рунди разговори до октомври.