![BEBE](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/BEBE.jpg?resize=344%2C230&ssl=1)
Двомесечно женско бебе и нејзината повредена мајка биле пронајдени по 16 часа поминати под урнатини во сирискиот град Алепо.
Целата ситуација ја снимиле активистите во тамошната цивилна заштита и снимката ја објавиле на Твитер.
Плачот на детето ги допрел сите, спасувачот дури и заплакал, а во позадина се слушаат зборовите “Бог е голем”.
Состојбата на бебето не е позната. Целото тело на девојчето било прекриено со прашина, а главата и’ била крвава.