ВИДЕО | Бегалци од Авганистан паѓаат од авион, се врзале за тркалата

Наводно, две лица загинале откако паднале од тркалата на авионот што полетал од Кабул непосредно пред тоа.

Видеото, објавено од Техеран Тајмс, покажува како авионот полетува, а потоа едно лице паѓа и се движи кон земјата со огромна брзина.

Претходно, на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како најмалку три лица цврсто се држата за крилјата и тркалата на авионот што се движел по пистата.

Медиумите јавуваат дека најмалку две лица паднале од авионот по полетувањето, но засега нема официјална потврда за трагичниот настан.

Треба да се потсети дека Талибанците вчера влегоа во Кабул и официјално ја презедоа власта во Авганистан. После тоа настана хаос на аеродромот во главниот град.

Многу држави испратија авиони за евакуација на нивните дипломати од Кабул, а илјадници Авганистанци се обидоа да провалат на аеродромот за да се качат на авионите и да ја напуштат земјата.