Белгиски воен авион Ф-16 се урна во населено место во западна Франција, а еден од пилотите падна на високоволтажен далекувод.
Француските екипи за итни случаи го спасија пилотот, откако се катапултирал од авионот, кој се урна во Бретања. Спасен е и другиот пилот.
Никој од жителите на градот каде што падна Ф-16 не е повреден, но подрачјето е евакуирано, јавија локалните медиуми.