ВИДЕО| Безос по летот во Вселената „вчудовиден од убавината и кревкоста“ на Земјата

Американскиот милијардер Џеф Безос изјави дека го „вчудовидела убавината и кревкоста“ на Земјата кога претходно во вторникот ја гледал „сината планета“ од Вселената, од вселенскиот брод на неговата компанија „Blue Origin“.

„Сите кои престојувале во Вселената велат дека тоа ги променило и дека ги вчудовидела убавината и кревкоста на Земјата, и јас потполно се согласувам“, изјави основачот на најголемата интернет продавница на светот „Amazon“ на прес-конференцијата по летото на малку повеќе од 100 километри височина.

Земјата е „ситна и кревка, а ние кои на неа живееме ѝ нанесуваме штета. Едно е тоа да се призна, а друго е да е види со сопствените очи до која мера е навистина кревка“, додаде Џеф Безос.

Ова беше првото вселенско патување со екипаж на „Blue Origin“ и првото со патник кој го плари патот, 28 милиони долари на наддавање, што претставува нова етапа во зачетоците на индустријата на ткн вселенски туризам.

Вселенското летало „New Shepard“, на чијшто врв се наоѓаше капсулата со Џеф Безос и тројцата патници, полета во вторникот утрото по локално време од пустината во американската сојузна држава Тексас.

Покрај најбогатиот човек на планетата, во капсулата беа и неговиот брат Марк Безос, пионерката на американското воздухопловство и вселенски програми 82-годишната Воли Фанк и првиот патник кој го плати патувањето со „ Blue Origin“, 18-годишниот Холанѓанец Оливер Дамен, кои станаа најстариот и најмладиот астронаут во историјата.

Кога капсулата се одвоила од потисниците, екипажот минал неколку минути на височина од 107 километри, над меѓународнот признатата граница меѓу атмосферата на Земјата и Вселената.

„Уживав во секоја минута, сао би сакала да трае подолго“, изјави Воли Фанк и додаде дека „не може да го дочека враќањето во Вселената“.