Американските научници развија револуционерни бикини кои помагаат во чистењето на морето од разните загадувања.
Бикините SpongeSuit, кои ги произвеле истражувачите од калифорнискиот колеџ за инженерство, ја отстранува нафтата и хемиските супстанци од морската вода.
Освен што е еколошки ефикасен, овој костим е и многу „тренди“.
-Произведен е на база на загреана сахароза. Ја одбива водата, но истовремено е способен и да апсорбира штетни материи, наведуваат истражувачите.
Овој материјал не ја загадува околината, а неговото производство е прилично евтино.
Одличен е и за производство на капи за капење и нуркачки костими.
Апсорбираните материи се ослободуваат тогаш кога бикините ќе се загреат на повеќе од илјада степени.
Научниците наведуваат дека нивните бикини можат ефикасно да се искористат дваесетина пати. По тоа, материјалот би морал да се замени.
Засега не е познато кога SpongeSuit ќе се најдат во продавниците, но неговите творци се сигурни дека ќе бидат вистински хит и ќе имаат позитивно дејство во заштитата на околината.