ВИДЕО| Били Џоел објави нова песна по 17 години

Американскиот пејач, текстописец и пијанист Били Џоел го објави својот прв нов сингл по 17 години – „Turn The Lights Back On“.

Баладата, објавена во четвртокот, е првата оригинална песна на добитникот на Греми наградата по „All My Life“ од 2007 година. Истата година следеше „Christmas in Fallujah” Со Кас Дилон. Тринаесеттиот и последен студиски албум на Џоел, „Fantasies & Delusions“, беше објавен во 2001 година.

Џоел се прослави во 1970-те и е познат по хитовите како „Piano Man“, „Uptown Girl“ и „We Didn’t Start the Fire“. Тој неодамна на социјалните мрежи објави дека доаѓа нов „материјал“. На синглот раотел со продуцентот Фреди Векслер.

Во наредните месеци Џоел планира да настапи низ САД, како и во Кардиф, Велика Британија.