Пол Маккартни го поздрави поранешниот тапанар на легендарните Beatles, Ринго Стар на сцената пред преполната публика во лондонската арена О2 во четвртокот вечерта.
Излегувајќи на сцената, Стар рече дека гледајќи „досега си поминал одлично, ова е одличен настап“.
Тие потоа започнаа со „Helter Skelter“ и „Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band“, а потоа и Стар додаде: „Сега си заминувам, имав одлична ноќ и ве сакам сите“.
На Маккартни му се придружи и гитаристот на некогаш ривалските Rolling Stones, Рони Вуд на нумерата „Get Back“, во која тој свиреше на својот оригинален бас „Hofner 500/1“ првпат по 50 години, откако беше украден во 1972 година.
Стар и Маккартни и претходно заедно настпауваа неколкупати откако ги напуштија Beatles. Тоа се случи на турнејата на Маккартни во 2019 година „Freshen Up“ и на приемот на Стар во Рокенрол Куќата на славните во 2015 година.
Овој перформанс беше последен на турнејата на Маккартни под насловот „Got Back“, која започна во октомври и на која овој вистински ветеран на рокенролот настапуваше во Париз, Мадрид, Сао Паоло, како и двапати во Манчестер, меѓу другите градови.
За време на настапот ги почести фановите со долг сет полн со хитови на бендовите со кои настапуваше Beatles, Wings и другите.
Отворајќи го настапот со бурната изведба на „A Hard Day’s Night“, 82-годишникот ја продолжи традицијата на изведување без воведен чин, изведувајќи нешто помалку од 40 песни од еден од највпечатливите опуси кошето Обединетото Кралство ги има произведено.