ВИДЕО: Блинкен во ненадејна посета на Киев – Украинската армија ги добива долгоочекуваните ракети

Ентони Блинкен, дрќавниот секретар на САД, допатувал во ненадејна посета на украинската престолнина Киев, за да ја потврди американската поддршка на Украина во воениот конфликт со Русија.

Информацијата за посетата на Блинкен на Киев ја објави „Скај Њуз“, повикувајќи се на неименуван функционер на Стејт Департментот.

Целта на мисијата на државниот секретар е тука во Киев да разговара за тоа како нашата дополнителна помош ќе биде остварена на начин да се зајакне нивната, украинската, одбрана и да им овозможи да преземаат се’ повеќе иницијатива на бојното поле, рекол во својата изјава неименуваниот извор.

Британската телевизија пренесува наводи на американски дипломати дека ракетите од долг дострел ATACMS и противвоздушните проектили, чија испорака за Киев на 24 април, годинава, ја одобри претседателот на САД, Џозеф Бајден, веќе почнале да пристигнуваат.