Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ја имаше веројатно најнеобичната вечера во кариерата. Против Филаделфија ги промаши првите 13 шута меѓу кои и осум тројки. Првите поени успеа да ги постигне дури на помалку од четири минути пред крајот со тројка носејќи ја Атланта до предност од 91-90.
А, потоа сите поени до крајот на мечот за Атланта ги постигна токму Богдановиќ кој нанижувајќи десет поени без промашување донесе триумф за својот тим од 98-96, откако на крај Џоел Ембид промаши за продолжение.
Богдановиќ мечот го заврши со 15 поени и шут од 4/17 иако до четири минути пред крајот имаше шут од 0/13.
„На крај испадна добро. Не можев да дозволам да срушам некаков негативен рекорд“ – рече по мечот Богдановиќ.
Хрватот Бојан Богдановиќ, пак, одигра ефикасен меч со 18 поени допринесувајќи Јута да дојде до победа од 128-116 против Минесота.
Донован Мичел за Јута постигна 28 поени, а Руди Гобер запиша 20 поени дополнети со 17 скока и четири блокади.