(ВИДЕО) Боно остана без глас среде концерт во Берлин

Ирскиот бенд U2 мораше во саботата вечерта по само неколку изведени нумери да го прекине концертот во Берлин на кој присуствуваа повеќе илјади луѓе, откако нејзиниот вокалист Боно Вокс остана без глас.

Инцидентот се случил во текот на концерот кој се одржа во преполната „ Mercedes-Benz Arena“ во германската престолнина.

„Многу ни е жал поради вечерашниот прекин на концертот. Бон беше во полна форма и гласот му беше во одлична состојба во пресрет на концертот и сите ние со нетрпени ја очекувавме втората вечер во Берлин, но , објави по неколку песни потполно ги загуби“, се вели во соопштението на групата.

Како што наведуваат уште членовите на бендот, сè уште не е познато што се случило со Боно, а музичарот се консултира со лекарите. Медиумите, пак, пренесуваат дека губењето на гласот можеби е последица од уредот за чадни ефекти.

Обожавателите на ирскиот бенд подоцна на мрежите објавија видео од концертот, на кој Боно се обраќа до публиката. „Можам да ве уверам дека не пушев. Но тука е како гигантска група. Го загубив гласот и не знам што да правам“, вели пејачот барајќи да се исклучи уредот за чад.

Ова беше вториот и последниот последователен концерт на U2 во Берлинво рамките на турнејата, но публиката очекува да се повтори. Групата е на нова Европска турнеја а следните концерто се закажани за 4-ти и 5-ти септември во Келн, по што Ирците заминуваат за Париз. Сите влезници за следните настапи на U2 се веќе распродадени.