ВИДЕО| Бора Ѓорѓевиќ погребан во родниот Чачак 

Бора Ѓорѓевиќ, легендата на рокенролот, беше погребан на гробиштата во Чачак, како негова последна желба.

На погребот присуствуваа членови на семејството и бројни граѓани, како и членови на бендот Рибља Чорба, но и бројни јавни личности.

Солзи на лицата, тага во очите можеа да се забележат кај бројни сограѓани.

Хорот на гимназијата Чачани го испрати Бора во вечното почивалиште, со неговата песна „Pogledaj dom svoj anđele“.

На крај на погребот, аплаузот одекнуваше низ градските гробишта за време на целата песна. Се слушнаа извици „Боро мајстор“ и „еден е Бора Чорба“.

На погребот му претходеше комеморација.

Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак на 1 ноември 1952 година, каде учел основно училиште и започнал гимназија, го продолжил образованието и музичката кариера во Белград, а почина на 4 септември во Љубљана, каде беше хоспитализиран поради тешка пневмонија.