Нарушен е воздушниот простор над американската престолнина Вашингтон, пренесува во вторникот телевизиската мрежа NBC News, повикувајќи се на безбедносни агенции, и додава дека резиденцијата на американскиот претседател е блокирана.
„Пријавено е нарушување на воздушниот простор во Вашингтон, во Округот Колумбија, а борбени авиони спроведуваат итни мерки“, пренесува телевизјата.
Се истакнува дека триторијата на Белата куќа е затворена, и блокирани се приодите кон неа. Ова го објавија новинарите кои известуваат од резиденцијата.
Според нив Северниот тревник на Белата куќа бил расчистен. Блокирањето започнало малку по 9 часот по локално време, а било укинато околу 20 до 30 минути подоцна,
Засега нема информации за причините за преземањето вакви мерки.
Властите продолжуваат со следење на ситуацијата, но авионот „засега не се смета за непријателски“, соопшти Северноамериканската воздушна и вселенска команда (NORAD). „Нашите борбени авиони се на самото место и реагираа“, напишаа на Twitter.
Според агенцијата Associated Press, зграда на американскиот Конгрес, исто така, била евакуирана на кус временскио период.
„Официјални лица известија дека авион во вторникот ги прекршил прописите за користење на воздушниот простор во ограниченото подрачје (над Вашинтон). Евакуацијата е преземена како мерка на претпазливост“, пишува агенцијата.
Update: The lockdown has been lifted at the White House after an aircraft entered restricted airspace in the DC area, causing a “national event conference” to be convened, a US defense official tells @barbarastarrcnn. Official said “it is not known to be hostile at this time.” https://t.co/J4Oy4g55H7
— Betsy Klein (@betsy_klein) November 26, 2019