ВИДЕО| Борците на „Вагер“ ги увежбуваат војниците во Белорусија

Борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ го увежуваат белоруските војници, објави во петокот белоруското Министерство за одбрана, по информациите дека кампот подготвен за прифаќање на борците кои според договорот со Кремљ по еднондевниот бунт може да заминат слободно во Белорусија.

Министерството во Минск објави видео-снимка на којашто се глледа како војници со обележја на „Вагнер“ ги увежбуваат белоруските војници на воен полигон во близина на градот Осипович, околу 90 километри југоисточно од белоруската престолнина.

„Борците на ‘Вагнер’ се инструктори во неколку воени дисциплини“, објави белоруското Министерство за одбрана.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко посредуваше за договор за прекин на помалку од 24-часовниот бунт на „Вагнер“, кога групата упадна во штабот на Јужниот воен округ во пограничниот град Ростов на Дон и со конвој во тешко вооружување тргна кон Москва, соборувајќи неколку воени хеликоптери, убивајќи ги нивните пилоти.

По договор, водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин ги повлече своите платеници и се согласи да замине во Белорусија, а за возврат Русија се откажа од гонењето за бунтовниците. На неговите борци им беше понудено да одат во Белорусија, да се приклучат на редовната армија или да се вратат во цивилниот живот.

Пригожин тврди дека не сакал да ја собори власта на рускиот претседател Владимир Путин, туку да го спречи распуштањето на „Вагнер“, обвинувајќи го Генералштабот за неспособност.

Кремљ претходно седмицава потврди, а во петокот и самиот руски претседател Владимир Путин рече дека се сретнал со Пригожин и со уште 35 борбени команданти на „Вагнер“ во Кремљ на 29-ти јуни. Путин притоа истакна дека рускиот закон не дозволува постоење на приватни војски, и оти за тоа треба да биде изработен јасен закон.

Руската Министество за одбрана во средата објави дека „Вагнер“ го вратил вооружувањето, вклучително и тенковите и тешките оклопни борбени возила.

Пентагон во петокот објави дека борците „Вагнер“ веќе не учествуваат „во значителен степен“ во борбите во Украина.

„Во оваа фаза, не гледаме дека силите на Вагнер учествуваат во некоја значајна мера во борбените операции во Украина“, рече портпаролот на Пентагон, генералот Пет Рајдер на прес-конференција. САД веруваат дека „мнозинството“ борци на Вагнер сѐ уште се на окупираните територии на Украина, додаде тој.