ВИДЕО| Борис Џонсон пазари во супермаркет во Грција

Премиерот на Велика Британија во заминување, Борис Џонсон, е на одмор во Грција, во пошироката област на Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина.

Сајтот prototema.gr го снимил Џонсон во градот Неа Макри, во супермаркет, каде во еден момент пазарел сам, придружуван од неговиот телохранител.

Веднаш бил забележан од останатите клиенти кои ги вклучиле мобилните телефони, а на една од снимките се слуша женски глас како му вели „чао“ на англиски, додека Џонсон отпоздравува за топлото добредојде.

Неговата партнерка Кери Симондс исто така беше снимена како стојат заедно пред еден од фрижидерите во супермаркетот.

Џонсон и неговата сопруга до неодамна одмараа во Словенија.