Поранешниот бугарски премиер и челник на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, во четвртокот претпладнето пристигна пред Националната полиција да даде изјава, а додека се движеше кон влезот за малку ќе беше удрен со статив од неидентификувана жена, за која бугарските медиуми велат дека е од Белорусија.
Непозната жена, како што известуваат медиумит, од белоруската престолниниа Минск, со статив се обиде да го нападне водачот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Таа беше оддалечена од луѓето околу Борисов и само брзата интервенција на полицијата ја спаси од јавен линч од собраните симпатизери на лидерот на ГЕРБ.
Русокосата жена покажа блиски односи со новинарката критичарка на ГЕРБ, Мирољуба Бенатова, бидејќи тие поминаа долго време во разговори и насмевки.