ВИДЕО| Boзнемирувачка снимка од масакрот во Прага

На социјалните мрежи се појави новa морничава видео-снимка од масакрот во Прага, на која се гледа како маж со автоматска пушка оди горе-долу по терасата на Карловиот Универзитет, неартикулирано вика а потоа цели во луѓето на улица под зграда и неселективно пука во случајни минувачи.

На снимката која стана вирална на социјалните мрежи, може да се види како полицајци во полна опрема се движат кон зградата на универзитетот, додека стрелецот во рок од пет минути испукала повеќе од 13 куршуми од покривот на

По масовното убиство што се случи во четвртокот околу 15 часот во историското јадро на Прага, полицијата вечерва објави нови поединости за осомничениот напаѓач 24-годишниот Давид Козак, ажирирајќи го бројот на неговоте жртви на 17 лица. Се смета дека тој е изршител и на уште едно убиство, откако полицијата претходно во четвртокот претпладнето добила дојава дека вооружено лице тргнало кон Прага со намера да се самоубие а при претресот на неговито дом е пронајдено беживотното тело на неговиот татко.

Чешката полиција, исто така, се сомнева дека Козак е извршител и на двојно убиство минатата седмица, откако во петокот бра пронајдени застрелани двомесечно девојченце во бебешка количка и нејзиниот 32-годишен татко во шумата Клановицки, во близина на Прага.

Според чешките медиуми, убиецот испукал четири куршуми во главата на таткото, а бебето го застрелал бебето во стомакот. Во моментот на убиството таткото го туркал бебето во количка.

Повеќе од 200 чешки полицајци ја пребараа шумата во тоа време во потрага по повеќе индиции поврзани со бруталното злосторство.Тогаш сторителот не беше пронајден , а чешката полиција апелираше до јавноста за какви било информации кои би довеле до негово апсење.